Германската филијала на големиот светски ланец на супермаркети Lidl до крајот на јуни нуди годишна претплата за електричниот Nissan Leaf, а цената е навистина интересна

На акција е варијанта со батерија од 40 kWh, која располага со 150 КС и автономија од 270 километри, а чини 29.990 евра во салон. Во Лидл се нуди со годишна претплата. За неа треба да се издвои 279 евра месечно, а условот е да не поминете повеќе од 10.000 километри за 365 дена. Сè над тоа ќе го чини претплатникот 19 центи по километар. Колку е тоа поволно? Вообичаената претплата на Leaf чини 329 евра на платформата Like2drive, која стои зад оваа понуда на Lidl.

Сопственикот не мора да се грижи за трошоците, односно единствено што плаќа е електричната енергија.

Колку и да изгледа поволна оваа понуда, Германците тврдат дека Leaf е уште поевтин доколку се земе на лизинг. Голем дел од Германците ја користат оваа опција кога сакаат да возат нови автомобили.