Peugeot Sport го претстави новото лого
Францускиот бренд се подготвува за нова ера, па затоа започна да го менува и својот визуелен идентитет.
Додека се чека официјална потврда за изгледот на новиот логотип за „лавот“, добивме одговор како ќе изгледа логото на Peugeot Sport во иднина.
Долго време, Peugeot беше пасивен кога станува збор за светот на спортските автомобили, но очигледно се решени да се вратат на голема врата. Во согласност со тоа е и доаѓањето на новото лого, кое треба да претставува „нов почеток“ за Peugeot Sport и влез во следната ера.
Наместо поранешното лого со боите на француското знаме, новото користи само две бои, црна и жолта, малку минималистички. Во иднина, Peugeot сигурно ќе се потпре на електрификацијата кога станува збор за спортски и перформанси модели.
Новиот знак на Peugeot Sport ќе дебитира на 508 PSE, првиот автомобил кој ќе пристигне од новата PSE дивизија, задолжена за возила со високи перформанси.