Минатата година во Европа се продадени 1.59 милиони нови мотоцикли, што е за 1,1% послаб резултат отколку во 2017 година

Продажбата на мотоцикли на Стариот континент никако да направи чекор напред, бидејќи трендот на пад на продажбата е уште од 2012 година. Сегментот на мотоцикли со агрегати помали од 50 cm3 повторно има пад, а напредок има само кај електричните скутери и тоа само на одредени пазари.

Европа забрзано го губи своето значење како пазар на мотоцикли. Минатата година бројот на продадени мотоцикли имал удел од само 2,4% на глобалниот пазар. Значи, многу многу малку.

Најголемиот европски пазар за мотоцикли останува Франција, каде што минатата година се продадени 266.656 единици со пад на продажбата од 6,4%. На второ место е Италија (247.940), со раст од 4,3%, а првата тројка ја заокружува Германија (184.501), со раст од 4,1%.

Следат Шпанија, каде што се продадени 182.800 нови мотоцикли и силен раст од 12.3%, додека на петтото место е Турција со 159.337 испорачани единици и мал раст од 1%. Шестото место е за Велика Британија со 105.816 мотоцикли, потоа следи Холандија каде е забележан пад од од 27% или 72.883 продадени единици, додека нивните соседи, Белгијците минатата година куполе 46.979 мотоцикли со раст на продажбата од 12,3%.

Пад на продажбата има и во Швајцарија, каде што се продале 44.085 единици (-7,3%), а малку помал пад на продажбата има во Австрија (-6.3%) или 38.142 единици.

Електричните модели стануваат сè попопуларни, но сепак тие имаат мал удел на пазарот. Овој тип на скутери и мотоцикли е популарен во Франција и Шпанија, а вкупниот број на продадени модели во Европа е 56.000.