Слично на Amazon Echo Show, четирите големи компании на тековниот CES претставуваат извонредни звучници со интегриран Google Assistant

Еден од големите трендови во технологијата во последно време се паметни звучници и гласовен асистент, а на пазарот засега доминира Amazon со своите Echo Show звучници и Alexа со асистентот вграден во звучниците и уредите на Amazon и други компании.

Оваа доминацијата на Alexа ќе се обиде да ја прекине Google и токму нивниот гласовен асистент е една од главните теми на овогодинешниот Consumer Electronic Showa (CES), најголемиот саем за потрошувачка електроника во светот. Така, на големиот Hey Google штанд во Лас Вегас се изложени бројни паметни звучници, но и слушалки, телевизори и други уреди кои доаѓаат со интегриран Google Assistant, а кои на глобалниот пазар треба да се појават во текот на годината.

Паметни звучници со гласовен асистент претставуваат компании како Anker Innovations, Bang & Olufsen, Braven, iHome, Jensen, Klipsch, Knit Audi и други, а особено се интересни уредите на JBL, Sony, LG и Lenovо – паметни звучници со интегриран екран, како кај Amazon Echo Show.

Моделот кој на CES го изложува JBL (View Link) доаѓа со 8-инчен дисплеј со висока резолуција, предна камера со резолуција од 5 MP и два стерео звучници од 10W, а зборувајќи за квалитетот на звукот од компанијата особено го истакнуваат „богатиот и длабок бас“. Исто така, од JBL напоменуваат дека View Link е изработен од квалитетни материјали кои овозможуваат лесно чистење на уредот, а што се однесува до другите хардверски опции треба да се издвојат Google Cast, Bluetooth и IPX4 заштита. Освен стандардните опции кои ги овозможуваат паметните звучници, односно гласовен асистент за управување со паметни уреди, музика, информации за времето и слично, благодарение на екранот преку View Link може да се гледаат слики, видео клипови на YouTube и водат видео разговори.

Звучникот на JBL со интегриран екран на пазарот може да се очекува во текот на летото (цената се уште не е познат), а со оглед на трендовите во последниве години, оваа година можеме да очекуваме голем број на нови паметни звучници со интегриран гласовен асистент како Google Assistant, Alexа и други.