Бројот на електрични автомобили се повеќе се зголемува, а многу европски земји брзо ја развиваат инфраструктурата за полнење или дополнување на батериите на овие возила

Во некои земји каде се очекува брза експанзија на електричните автомобили, веќе постои загриженост дека сегашната инфраструктура на полначи нема да може да ги задоволи потребите на сите возачи, но една од државите што последниве години има остварено голем напредок во изградбата на станици за полнење е Велика Британија.

Според последните податоци објавени од Nissan, бројот на овие полначи веќе го надминал бројот на бензински пумпи. Британците во моментов имаат 9.300 локации каде сопствениците на електрични автомобили можат да ги наполнат своите возила.

Од нив, повеќе од 1.600 се полначи за брзо полнење што им овозможуваат на електричните автомобили да се снабдат со електрична енергија за кратко време – од 0 до 80% од капацитетот за помалку од еден час (во автомобилите во кој тоа е технички возможно).

Патем, бројот на електрични полначи во Велика Британија е во пораст уште од 2011 година, кога имало само неколку стотици.

Од друга страна, бројот на бензински пумпи во оваа земја се намалува и во моментов изнесува околу 8.400 станици. Во споредба со 1970 година, брјоката е намалена за дури 80%.