Оваа аукциска интернет платформа во 2021 година продала автомобили во вредност од 829 милиони долари
Без разлика дали сте таму за да го купите најновото Porsche Carrera GT или некое старо истрошено Subaru WRX, вие сте дел од клубот
Пазарот на половни автомобили минатата година едноставно „експлодираше“. За пазарот на класични автомобили исто така може да се каже дека порасна уште повеќе, па не е изненадување што традиционалните аукциски куќи и онлајн аукциските платформи остваруваат сериозни профити. Една таква е Bring-A-Trailer која серизно се издвоила од конкуренцијата.
И навистина е така. Во 2020 година, Bring-A-Trailer продала 400 милиони американски долари автомобилски метал. Минатата година, таа бројка се удвоила на вкупно 828,7 милиони долари. Тоа е рекорд на сите времиња и ја остава секоја друга аукциска куќа или веб-платформа во сенка.
На второ место е Mecum Auctions со 578 милиони долари и има изразито поинаков пристап од Bring-A-Trailer. Слично како и другите, Mecum наплаќа процент од продажната цена на купувачот. Таа цена се зголемува ако не сте присатни за време на наддавањето на возилото. Ова е проблем од очигледни причини за време на пандемијата .
Сепак Bring-A-Trailer е различен. Не само што ја ограничува добивката од продажба на 5.000 долари, туку на секој му овозможува да наддава за автомобил низ целиот свет. Секој со кредитна картичка може да аплицира и да наддава за автомобилот од своите соништа. Ограничувањето од 5.000 долари, исто така, значи дека автомобилите може попрецизно да се проценат бидејќи премијата од 10 проценти на аукциската куќа не е фактор.
Во исто време со овој пристап се решава уште еден проблем – пречката за влез на аукцијата. Многу малку луѓе знаат како точно како да наддаваат за автомобил продаден преку аукциската платформа на RM Sotheby’s. Bring-A-Trailer обезбедува привлечна атмосфера за секој љубител на автомобили. Без разлика дали сте таму за да го купите најновото Porsche Carrera GT или некое старо истрошено Subaru WRX.
Цените на користените автомобили и вредностите на класичните автомобили би можеле да паднат во следните неколку години. Сепак, преовладува чувството дека сајтовите за онлајн аукции нема да го изгубат своето место во скоро време.