Ова возило е подготвено и за зомби апокалипса / ВИДЕО
По цена од 1,5 милиони американски долари, експедициското возило UNICAT 6×6 MD56c е подготвено не само за тешки експедиции, туку и за зомби апокалипса
Во време на глобална пандемија, големи епидемиолошки мерки и социјална дистанца, да се биде дома, а воедно да се биде мобилен може да се смета за вистинско достигнување.
Станува збор за специјално возило од MAN, чиј дизел мотор генерира 532 КС и има менувач со 12 степени на пренос на сите шест тркала.
Однадвор, изгледа како бункер, но во внатрешноста се е луксуз, почнувајќи од навистина големата кујна која доаѓа со два индукциски грејачи, мијалник од не’рѓосувачки челик, микробранова печка, машина за миење садови, фрижидер од 130 литри и замрзнувач од 65 литри.
Целата оваа бела технологија црпи енергија од литиумска батерија со моќ од 24,6 kWh односно 1.200 Ah. Моќната батерија е поврзана со мрежа на соларни панели од 1.850 W, со двојни инвертори и целосен систем за набљудување на работата.
Дури и во случај на оштетување на сончевите панели, со возилото доаѓа и секундарен преносен генератор од Honda, кој може да го напојува возилото и сите негови системи до две недели вон мрежа.
Се мислело и на снабдувањето со вода, па така ова возило има двоен резервоар за 600 литри вода.
Возилото има и посебна спална соба со голем кревет и што ли уште не,
Резервоарот за гориво е огромен, ако во предвид се земе и резервниот резервоар за гориво од дури 980 литри. Само со резервниот резервоар, UNICAT може да помине дополнителни 3.200 километри без потреба од повторно полнење.
Погледнете и сами што се нуди ова возило.