Honda го објави ценовникот за својот електричен адут на европскиот пазар

Уште од моментот кога се појави како концепт, овој модел собра многу симпатии. Јапонскиот бренд се одлучи да направи и сериска варијанта, која ги има сите предуслови да стане бестселер.

Honda e во Европа доаѓа во две варијанти. Разликата, се разбира, е во пакетите на опрема, како и во моќноста со која автомобилот располага. Првата верзија има 136 „коњи“ и автономија од 220 километри. Ова издание ќе чини 33.470 евра, цена во Германија. Со субвенции цената паѓа на 29.470 евра.

Помоќната варијанта располага со 156 КС, но исто така нуди и побогата опрема. Оваа варијанта потенцијалните купувачи во Германија ќе ги чини 3.000 евра повеќе од стандардната верзија односно 36.470 евра без субвенции или 33.470 евра со нив.

Нарачките за овој автомобил Honda ќе почне да ги прима веќе овој месец. Првите примероци во Европа ќе бидат доставени кон средината на летото следната година.