Глобалната студија спроведена од страна на Mister Auto во 2019 година покажува кои градови се безбедни за возење, каде е најтешко за возење, но и каде има најмногу „луди возачи“

Како што пренесува Sky News, Калгари, Канада, се наоѓа на првото место во категоријата најдобри градови во светот за возење. Следуваат Дубаи (ОАЕ), Отава (Канада), Берн (Швајцарија) и Ел Пасо (САД).

Од другата страна на рангирањето се градовите каде што сигурно не можете да уживате зад воланот: Мумбаи, Индија, по што следат Улан Батор (Монголија), Калкута (Индија), Лагос (Нигерија) и Карачи (Пакистан).

Рангирањето на градови каде што возачите сакаат да притиснат на педалата за гас и да се тркаат по градските улици однсоно да возат премногу диво вели дека на прво место е Улан Батор во Монголија, а потоа следува руската престолнина Москва, Карачи во Пакистан, Калкута во Индија и Лагос во Нигерија.

Во ова истражување се земени предвид бројот на автомобили по глава на жител, трошоците за гориво, квалитетот на воздухот и јавниот превоз.

Loading...