Британскиот магазин What Car направил анализа на резултатите од Euro NCAP краш тестовите спроведени по 2013 година и ни презентира листа на сите модели кои оттогаш добиле најголем број на ѕвезди

Листата е особено интересна во светло на најавеното заострување на критериумите за тестирање, за кое се очекува да влезе во сила за три години. Потсетување дека критериумот за оценување последен пат претрпе измени, во смисол на заострување, пред три години, кога беше воведено оценување на модели само со стандардна опрема со компаративни резултати на опционално опремениот еквивалент.

Пред да ја погледнете целата листа, треба да се спомене дека можното отсуство на некој модел од листата не значи заклучок, сам по себе, дека тоа е небезбедно возило. Можно е тестирањето да било извршено пред 2013 година, или пак сеуште конкретен автомобил не е тестиран.

Ова е листата на модели кои постигнале највисок резултат на Euro NCAP тестовите во периодот 2013-2018

Audi A6

Заштита на возрасни: 93%; Заштита за деца: 85%; Заштита на пешаци: 81%; Системи за безбедност: 76%

Audi Q3

Заштита на возрасни: 95%; Заштита на деца: 86%; Заштита на пешаци: 76%; Системи за безбедност: 85%

BMW X5

Заштита на возрасни: 89%; Заштита на деца: 86%; Заштита на пешаци: 75%; Системи за безбедност: 75%

Ford Focus

Заштита на возрасни: 85%; Заштита за деца: 87%; Заштита на пешаци: 72%; Системи за безбедност: 75%

Hyundai Nexo

Заштита на возрасни: 94%; Заштита за деца: 87%; Заштита на пешаци: 67%; безбедносни системи: 80%

Hyundai Santa Fe

Заштита на возрасни: 94%; Заштита за деца: 88%; Заштита на пешаци: 67%; Системи за безбедност: 76%

Jaguar I-Pace

Заштита на возрасни: 94%; Заштита за деца: 81%; Заштита на пешаци: 73%; безбедносни системи: 81%

Lexus ES

Заштита на возрасни: 91%; Заштита за деца: 87%; Заштита на пешаци: 90%; Системи за безбедност: 77%

Mazda 6

Заштита на возрасни: 95%; Заштита на деца: 91%; Заштита на пешаци: 66%; Системи за безбедност: 73%

Mercedes-Benz A-класа

Заштита на возрасни: 96%; Заштита на деца: 91%; Заштита на пешаци: 92%; Системи за безбедност: 75%

Nissan Leaf

Заштита на возрасни: 93%; Заштита на деца: 86%; Заштита на пешаци: 71%; Системи за безбедност: 71%

Peugeot 508

Заштита на возрасни: 96%; Заштита на деца: 86%; Заштита на пешаци: 71%; Системи за безбедност: 79%

Volkswagen Touareg

Заштита на возрасни: 89%; Заштита на деца: 86%; Заштита на пешаци: 72%; безбедносни системи: 81%

Volvo V60 / S60

Заштита на возрасни: 96%; Заштита на деца: 84%; Заштита на пешаци: 74%; Системи за безбедност: 76%

Volvo XC40

Заштита на возрасни: 97%; Заштита за деца: 87%; Заштита на пешаци: 71%; Системи за безбедност: 76%