Жирито го стесни кругот на модели кои остануваат во игра за престижната награда.

Дури 102 автомобилски новинари од 33 земји го избираат победникот во неколку категории, од кои секако најважна е онаа за „Светски автомобил на годината“ (World Car of the Year). Скратениот список со по тројца финалисти во секоја категорија ќе биде објавен на 15 март, додека победникот официјално ќе биде објавен на 13 април односно почетокот на Салонот за автомобили во Њујорк.

Финалисти во категоријата „Светски автомобил на годината 2022“ се: 

  • Audi Q4 e-tron
  • CUPRA Formentor
  • Ford Mustang Mach-E
  • Genesis G70
  • Honda Civic
  • Hyundai IONIQ 5
  • Hyundai Tucson
  • KIA EV6
  • Lexus NX
  • Toyota GR 86 / Subaru BRZ

Финалисти во категоријата „Светски електричен автомобил на годината 2022“ се: 

  • Audi e-tron GT
  • BMW iX
  • Ford Mustang Mach-E
  • Hyundai IONIQ 5
  • Mercedes EQS

Финалисти во категоријата „Светски градски автомобил на годината 2022“ се:

  • Dacia Sandero
  • Opel Mokka
  • Renault Kiger
  • Toyota Yaris Cross
  • Volkswagen Taigun

Финалисти во категоријата „Светски луксузен автомобил на годината 2022“ се:

  • Audi Q5 Sportback
  • BMW iX
  • Genesis GV70
  • Mercedes EQS
  • Volvo C40 Recharge

И на крајот, финалисти во категоријата „Светски градски автомобил на годината 2022“ се:

  • Audi e-tron GT
  • BMW M3/M4
  • Porsche 911 GT3
  • Toyota GR 86 / Subaru BRZ
  • Volkswagen Golf GTI/R