Ова е новото и помоќно Porsche 911 / ФОТО+ВИДЕО
По неколкуте неофицијални фотографии кои се појавија на интернет, Porsche конечно и официјално ја претстави новата 911-ка на автомобилскиот саем во Лос Анџелес
Во досегашната 55-годишна историја на моделот 911, германскиот производител понуди седум генерации на овој спортски модел.
Најновата, осма генерација со кодно име 992 штотуку дебитираше на саемот за автомобили во Калифорнија, и како што може да се види од фотографиите го има оној препознатлив дизајн дополнет со неколку стилски новини на надворешноста. Внатрешноста претрпела многу поголеми промени споредбено со генерацијата во заминување.
Од Porsche велат дека инструмент таблата е дизјнирана под ретро под влијание на 911-та од 1970 година, со повеќе квадратни форми, додека во централната конзола е складно вклопен нови 10,9-инчниот екран од мултимедијалниот систем. Аналогниот часовник традиционално се наоѓа на горниот дел од командната табла.
Промени има и под капакот на моторот, каде што се наоѓа новиот и подобрен 3.0-литарски турбо со 6-цилиндри. Овој турбо мотор за прв пат е користен во генерацијата која е во заминување, а сега во основната верзија во новиот модел испорачува 385 КС, наместо претходните 370 КС. Помоќната Carrera S го добила истиот агрегат, но со 450 КС, што е 30 КС повеќе од претходната верзија S.
Новото Porsche 911 Carrera S, благодарение на помоќниот мотор од 0-100 km/h забрзува за 3,7 секунди, во верзија со погон на задните тркала или 3,6 во верзија со опционалниот погон на сите четири тркала. Во двете варијанти, времето за кое се стигнува до стотка е намалено за 0,4 секунди во однос на претходната генерација. Porsche 911 Carrera S до стотка може и уште побрзо (за 0.2 секунди), ако се купи со опционалниот пакет Sport Chrono.
Германскиот производител соопшти дека максималната брзина на верзијата 911 Carrera S е 308 km/h (306 km/h во верзија со 4WD).
Моделите 911 Carrera и Carrera S доаѓаат стандардно со 7-степен мануелен менувач, додека осум-степениот автоматик со двојна спојка е достапен како опција. Друга дополнителна опција е погонот на четири тркала.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1D34pek3wcL2X4KNykrGJG5LnxjFuJjZw” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Porsche на премиерата ги објави и цените на новата 911-ка, па така Carrera S во Германија ќе чини од 120.125 евра, додека Carrera 4S има цена од 127.979 евра.