Ова е новиот Mini Aceman. Засега е концепт, но треба да ја промени иднината на брендот!
Новиот Aceman е визија за електричната иднина и нов кросовер кој треба да биде позициониран помеѓу класичниот Mini и Countryman
Mini го претстави концептниот модел Aceman, кој треба да биде најава за новиот кросовер на марката, но и за промена на дизајнерската филозофија за сите идни нови модели на марката.
Новиот Aceman е визија за електричната иднина на марката и нов кросовер автомобил кој треба да биде позициониран помеѓу класичниот Mini со пет врати и моделот Countryman.
Експертите на Mini дизајнот на новиот автомобил го дефинираат како „харизматична едноставност“. Тоа значи дека автомобилот има едноставна форма со харизматични дизајнерски детали. Автомобилот е долг 405 cm, а висок 159 cm. Ова го прави само 4 cm подолг од Mini Cooper, но значително повисок. Тркалата се со дијаметар од 20 инчи.
Неговата маска, за разлика од другите модели на Mini, не е дизајнирана да пропушта воздух за ладење, туку е целосно затворена и покриена со LED светла. Важна разлика во однос на претходните Mini модели се светлата, кои не се тркалезни, додека задните пиксел LED светла сè уште го имаат мотивот на британското знаме.
И во надворешниот и во внатрешниот дизајн доминираат зелените бои, а од еколошки причини Mini не користел никаков хром за надворешноста, додека пак во салонот нема кожа. Наместо тоа, се користел одржлив и биоразградлив текстил.
Интересен детал во внатрешноста е кружниот OLED екран на допир, прв од ваков вид во Mini. Инфозабавата на новата генерација се базира на системот Android. Пред возачот нема екрани ниту инструменти.
Погонот е електричен и од нова генерација, но Mini за сега не открива никакви детали. Се очекува да биде многу понапреден од оној што Mini моментално го користи во Cooper, кој на автомобилот му дава опсег помал од 190 km поради неговата мала батерија.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1cPS-8Y9o3mXtrER1T1pQ1gEuOcEyE6yk” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Се уште не е познато кога ќе ја видиме сериската верзија на Aceman, но се очекува тоа да се случи до крајот на 2024 година.