Навистина е тешко да се каже дали некој навистина ќе е спремен да издвои толку голема сума на пари за обично парче метал …

Ова може да биде изненадување, но се покажа дека некои возачи во САД се подготвени да платат повеќе за персонализирана регистарска табличка отколку за автомобилот на кој планираат да ја прикачат. Според една неодамнешна статија на Fox 26 Houston, најскапата американска регистарска табличка досега – „12THMAN“ е продадена во Тексас во 2013 година за 115.000 долари (785.500 долари).

Тоа се многу пари за регистарска табличка, особено ако се земе предвид дека обична регистарска табличка по желба во Тексас чини 51,75 долари. Но, не е ни блиску до најскапата регистерска табличка продадена во светот.

Тоа признание му припаѓа на возач во Абу Даби кој платил 14,3 милиони долари за регистарска табличка „1“. Сепак, се чини дека оваа табличка нема долго да го држи рекордот …

Мајкл Модецки во моментов ја продава регистарската табличка „MM“ на ThePlateBroker.com за 5.888 дигитални Ethereum, што е еквивалент на 20 милиони долари. Таа сума може да се промени бидејќи варираат девизните курсеви, но тешко е да се каже дали некој навистина ќе биде подготвен да издвои толку голема сума на пари за обичен метал.

Иако ова е најскапата регистерка табличка во моментов која е на продажба, таа не е единствената. Некој бара 2 милиони долари за регистарската табличка „CASH“.

Во обид богатите возачи дополнително да се наведат да посакаат скапи таблички, најскапите таблички на Modecki се продаваат со NFT. Имено, кодот е прикажан на задната страна на физичката регистарска табличка, што придонесува за „додадена вредност на физички посед“, според EpicPlates.com.