Пред седум години, SSC North America, тогаш под името Shelby SuperCars, го претстави концептот Tuatar

Shelby SuperCars го привлече вниманието во 2007 година кога неговиот Ultimate Aero го сруши брзинскиот рекорд на Bugatti Veyron со брзина од 412,28 km/h.

Tuatar е најавен како уште побрз автомобил, но светлината на денот ја здогледува седум години по најавата.

Во меѓувреме, Bugatti го врати рекордот во сопственост на Super Sport, но во 2010 година, новиот, сеуште валиден, го постави Koenigsegg Agerа RS – 447,23 km/h.

Сепак, Американците најавуваат дека Tuatar ќе го надмине овој рекорд, а ветува забрзување од 0-100 km/h за помалку од 2,5 секунди со максимална брзина поголема од 482 km/h.

Tuatar е дизајниран од Џејсон Кастриот, човекот одговорен за Maserati GranTurismo и Ferrari P4 / 5, а автомобилот тежи само 1.247 килограми.

Наместо 7.0-литарскиот мотор преставен во 2011 година, Tuatar сега има 5.9-литарска единица која развива 1.755 КС, барем на хартија. Рака на срце, вкупната моќност е можна само со согорување на биоетанол E85, додека со стандардниот 91-октански бензин развива 1.350 КС.

Како пример, рекордерот на Agera RS е 1.341 КС, Bugatti Chiron 1.479, Divo 1.500 (пред неколку дена), а Hennessey Venom F5 – 1.622 КС.

Се шпекулира дека SSC Tuatar ќе чини околу 2 милиони долари, а почетокот на производството се очекува во 2019 година. Станува збор за ограничена серија од 100 единици.