Отворен Нирбургринг и уште првиот ден… „лудница“ / ВИДЕО
Уште на првиот ден од отворањето на познатата германска патека се појавија невидени колони
Сите фанови на брзото возење едноставно го обожаваат Нурбургринг, а по повеќе од еден месец самоизолација и карантин се собраа на оваа патека за да го надоместат изгубеното време.
И покрај напорите на организаторите кои ги предупредувале посетителите и се обидувале да спречат масовни собири и какви било штетни ситуации, ништо не вродило со плод.
А тоа може да се види и од приложените фотографии.
Воведени се и правила за најмногу две лица во автомобил, при што лицата се регистрираат уште при купување билети.
Забрането е излегување од автомобилот на влезот во комплексот, а корисниците на располагање имаат само еден строго контролиран тоалет.
Едноставно кажано, хаос.