Обидот за илегално преминување на границата на Украина со Молдавија за овој Украинец поминал неуспешно

Припадниците на Службата на украинската државна гранична стража од регионот Черновци на граничниот премин Росошани меѓу Украина и Молдавија имале необична интервенција.

Имено, во автомобилот кој пристигнал на преминот имало жена со две деца како и големо купче играчки во детска кутија одзади, што било невообичаено за нив.

Не било потребно темелно пребарување на автомобилот за да се сфати дека тоа всушност е покритие за маж, нејзиниот сопруг, кој сакал илегално да ја премине границата во соседната земја. Обидот за бегство пропаднал и мажот бил запрен.

Како потсетување, украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш по упадот на руската армија во земјата прогласи вонредна состојба и им забрани на сите возрасни мажи под 60 години да ја напуштат земјата поради можна мобилизација.

Фотографиите од бегалецот ги објавија припадниците на украинската државна гранична служба на официјалниот профил на Twitter.