Време e во годината кога низ воздухот летаат многу инсекти и кога многу од нив фатално завршуваат „залепени“ на предницата од вашето возило 

Десетици и стотици остатоци од бубачки, пеперутки и други инсекти остануваат на шофершајбната, предниот браник или изложените делови од лимот. Со оглед на тоа дека внатрешноста на инсектите доаѓа во контакт со површината на автомобилот, се ослободуваат разни токсини и киселини, кои со текот на времето можат да ја кородираат бојата на возилото.

Иако остатоците од инсекти не се ниту толку кисели како изметот од птици, ниту лепливи како смолата од дрвјата, тие сепак се екстремно тешки за отстранување кога ќе се остават подолго време на стакло, лим или пластика, што на крајот доведува до трајни дамки на бојата и корозија.

Затоа, по долго возење, измијте го автомобилот во авто перална што е можно побрзо. Ако тоа го направите дома, користете меки крпи или сунѓер, а ако дамките се тврдоглави, постојат специјализирани средства за отстранување на инсекти кои ќе ве чинат нешто повеќе.