Она што се шпекулираше со месеци сега е и официјално потврдено: Групацијата Audi се приклучува на Formula 1 како партнер на Sauber, а швајцарскиот тим ќе се натпреварува како фабрички тим на Audi

Audi ќе купи дел од акциите во компанијата Sauber, а соработката меѓу овие две страни ќе започне во 2026 година.

За потсетување, за време на викендот на Големата награда на Белгија, Audi најави влез во спортот, но не објавија со кој конструктор ќе соработуваат. Сега и официјално е познато дека тоа е Sauber, а тимот ја објави својата возбуда од новата соработка.

„Ова партнерство го води тимот кон нови височини. Сега е загарантирана долгорочната иднина на компанијата која има посветени работници, еден од најдобрите воздушни тунели во Европа и врвни фабрики”, велат од Sauber.

„Audi е најдобар стратешки партнер за Sauber Group. Јасно е дека ние делиме исти вредности и визија. Се веселиме на едно силно и успешно партнерство за постигнување на нашите заеднички цели“, вели шефот на управниот одбор на Sauber, Фин Раусинг.

„Среќни сме што добиваме таков искусен и компетентен партнер за нашиот проект во Formula 1. Sauber групата веќе ја знаеме поради нивната фабрика и веќе имаме заедничко искуство. Уверни сме дека заедно ќе бидеме силен тим“, вели членот на одборот на Audi, Оливер Хофман, кој ќе биде одговорен за F1 проектот на Audi.