Сосема неочекувано, титулата женски автомобил на годината оди кај Land Rover Defender коj е доказ дека кога станува збор за желбата за доминација на патиштата нема разлика помеѓу половите

Во поплавата на разноразни симпатични кросовери, жиритоо составено од дури 50 автомобилски новинари од 38 земји во светот го прогласи севкупниот победник во изборот за Женски автомобил на годината (Woman’s World Car of The Year), откако претходно ги прогласи осумте победници по категории.

  • Peugeot 208 – најдобар градски автомобил
  • Škoda Octavia – најдобар семеен автомобил
  • Lexus LC 500 Kabriolet – најдобар луксузен автомобил
  • Ferrari F8 Spider – најдобар спортски автомобил
  • Peugeot 2008 – најдобар градски SUV
  • Land Rover Defender – најдобар SUV со средна големина
  • Kia Sorento – најдобар голем SUV
  • Ford F – 150 – најдобар 4×4 / пикап-камионет
  • Honda e – најдобар електричен автомобил

„Легендата е обновена. Defender веќе не е теренец со кој се преминува Амазон и се вози низ пустините. Во своето последно издание, тој ве повикува да патувате по патот исто толку удобно како во луксузна лимузина. Токму затоа, поради технологијата и удобноста,  е избран за Женски автомобил на годината“, вели претседател на комитетот на WWCOTY, Марта Гарсија.

Наградата за светски автомобил на жени се доделува од 2011 година, а во стручното жири се само автомобилски новинарки кои одлучуваат следните критериуми: безбедност, квалитет, цена, дизајн, удобност при возење и еколошка пријатност.