Официјално претставени новите DS 4 и DS 4 Cross / ФОТО+ВИДЕО
Марката DS која се оддели од Citroen не е дебитант во компактниот сегмент
Претходниот модел DS 4, се збогуваше со пазарот во 2018 година и дури сега има наследник. Но, вредеше да се почека, бидејќи новата генерација не е само малку освежен претходник, туку нешто сосема ново.
Новиот DS 4 се базира на платформата EMA2 на PSA, со тоа што автомобилот е долг 440 cm, широк 183 cm и висок 147 cm, a тркалата се до 20 инчи (повеќето верзии ќе имаат тркала од 19 инчи). Волуменот на багажникот е 430 литри.
Новиот DS 4 се карактеризира со предизвикувачки стил, со атлетска силуета и Matrix LED Vision светла, како и пространа внатрешност со современи дигитални инструменти, 10.0-инчен инфо-забавен систем (DS Iris систем со гласовни и гест команди), Head-Up дисплеј и систем Night Vision.
Секако треба да се спомене и системот за автономно управување од Ниво 2.
За внатрешноста се предвидени кожа, дрво, алкантара, јаглеродни влакна (во зависност од пакетот опрема), како и седишта со греење и масажа.
Во понудата, меѓу другото, ќе биде вклучена и DS4 Cross варијантата со SUV визуелни елементи, што значи дека ќе има браник со заштита на долниот дел и мат црна боја, како и сјајно-црни детали (рамките на стаклата, предна решетка…), специјални алуминиумски тркала, кровни носачи, Traction Control (со режими на возење за песок, снег и кал) и систем Hill Assist Descent Control.
Потврдено е дека гамата ќе вклучува Plug-in Hybrid верзија со комбинација на 4-цилиндерски турбо бензинец со 180 КС и електромотор со 110 КС, со комбинирана моќност на системот од 225 КС. Само во електричен режим ќе може да се вози и повеќе од 50 километри.
Тука се и 8-степениот автоматски менувач и Active Scan суспензијата.
Во гамата на DS 4 ќе се најдат и бензинци Puretech со 130, 180 и 225 КС, како и дизел BlueHDi со 130 КС (сите во комбинација со 8-степен автоматик).
Конечно, новиот DS 4 ќе се нуди со избор од седум бои на екстериерот, а неговата продажба во Европа ќе започне во четвртиот квартал од оваа година.