![Официјално: Formula 1 направи промени во календарот за оваа година](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/08/start-vn-madarske-2020.jpg)
Официјално: Formula 1 направи промени во календарот за оваа година
Конечно се објавени промените во календарот, кој сега е скратен од 23 на 22 трки
Извршниот директор Стефано Доменикали планираше 23 трки од почетокот на сезоната и беше решен таа бројка да се задржи по секоја цена и покрај сите проблеми, но околностите го примораа да се откаже од досега планираното
„Задоволство ни е да ги објавиме промените за овогодинешниот календар по долги преговори со промоторите и властите на земјите домаќини. Глобалната пандемија ни предизвикува големи проблеми и создава нови предизвици, но ние се адаптиравме и ќе имаме рекордни 22 трки во календарот. Сакам да им се заблагодарам на промоторите во Бразил, Мексико и Турција за нивната трпеливост и флексибилност, и наскоро ќе објавиме која трка ќе влезе во календарот наиспразнетото место“, изјави Доменикали.
Големата награда на Русија сега е осамена во календарот, а со неа требаше да започне уште еден троен викенд. Истото важи и за Турција, која се уште е на црвената листа во Велика Британија. Поради тоа, тимовите од Истанбул директно ќе патуваат за Остин.
Со оглед на епидемиолошката состојба во Мексико и Бразил, никој не може да гарантира одржување на трките. Се очекува слободното место во календарот да припадне на Катар, каде ќа се патува веднаш по Бразил, кој исто така се најде на црвената листа во Велика Британија.
Еве како изгледа распоредот до крајот на сезоната:
- 03-05 септември: ГН на Холандија
- 10-12 септември: ГН на Италија
- 24-26 септември: ГН на Русија
- 08-10 октомври: ГН на Турција
- 22-24 октомври: ГН на Америка
- 05-07 ноември: ГН на Мексико
- 12-14 ноември: ГН на Бразил
- 19-21 ноември: НЕПОТВРДЕНО
- 03-05 декември: ГН на Саудиска Арабија
- 10-12 декември: ГН на Абу Даби