На свеченост што се одржа во хотелот „Александар Палaс“ во Скопје вчеравечер беа доделни наградите од изборот на „Автомобил на годината во Македонија за 2019“

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 24. пат го држува изборот кој е најстарата манифестација од ваков вид во Македонија. Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“ доделени беа и признанијата за „СУВ на годината“ и „признанието Томислав Биљарац“ за за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија .

По анализатa на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на моделот Ford Focus.

„Според мислењето на Националното стручно жири, возните својства, современата палета на Euro 6d Temp мотори, високото ниво на основна опрема и одличната изработка, беа областите во кои Ford Focus беше оценет со највисоки оценки освојувајќи така вкупно 69 поени. Тоа беше доволно да ја освои престижната титула пред останатите финалисти, изјави Горан Антевски, претседателот на Националното Жири за Избор на автомобил на годината во Македонија.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди пет (5) финалисти кои годинава рамноправно конкурираа за престижната титула „Автомобил на годината во Македонија за 2019“.

Листа на финалисти ја сочинуваа:

Kia Ceed
Citroen C5 Aircross
Opel Grandland X
Ford Focus
Volvo XC40

Признанието „СУВ на годината“ му припадна на моделот Citroen C5 Aircross.

Националното Жири за Избор на автомобил на годината во Македонија годинава по вторпат го доделува и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија. Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија . Одлуката на Националното Жири за избор на автомобил на годината во Македонија е признанието „Томислав Биљарац“ за 2019 година да му биде доделенo на Стерули Бураку.

Loading...