Oфицијални фотографии од камуфлиранaтa нова Opel Astra / ФОТО
Opel ја засилува својата промотивна кампања пред премиерата на новата итерација на бестселерот Astra
Во официјалното соопштение за печат, германската марка истакнува дека циклусот на тестирање на прототипот е завршен и дека се извршени релевантни тестови, од возење со многу голема брзина на автопат, преку употреба во услови на екстремно ниски температури, па дури и возење низ вода! Од Opel наведуваат дека новата Astra ќе може да помине низ вода длабока до 25 см.
Шефот на развојот на проектот за новата итерација на Astra е Мариела Фогел, која учествувала во создавањето и на претходните две генерации на овој модел. Вогел посочува дека голем број жени во одделот за инженерство учествувале во создавањето на новитетот.
Сепак, се чини дека нивната работа овој пат била значително полесна споредбено со претходните генерации, бидејќи новата Astra е всушност механички идентична со Peugeot 308, а на Германците им останале „ситници“, бидејќи поголемиот дел од возилото е готово однапред.
Камуфлираниот автомобил не открива многу за изгледот на самото возило, но веќе знаеме дека Opel ќе го примени новиот Vizor амфас, кој пристигна со новата генерација на Mokka. Од друга страна, познато е дека ќе има поставка со два екрани во салонот пред возачот, од кои едниот е инструмент табла, додека другиот се користи за контрола на инфо-забавниот систем.
Познат е и опсегот на мотори за новата Astra. Палетата ќе биде составена од бензинскиот 1.2 PureTech достапен во две конфигурации – со 110 и 130 „коњи“.и дизелскиот 1.5 BlueHDi кој испорачува 130 КС. Сите споменати мотори се спарени со 6-степен мануелен или 8-степен автоматски менувач.
Во понудата на Германците ќе има и две plug-in хибридни верзии. Послабата ќе располага со 180 КС, а помоќната со 225 КС. Капацитетот на батеријата и кај двете верзии е 12,4 kWh.
Во однос на димензиите на возилото, идната Astra ќе биде долга 4,37 метри, во ширана ќе се зголеми 5 mm, но ќе биде пониска за 15 mm во споредба со сегашниот модел. Меѓуоскиното растојание ќе биде 2,67 m, додека багажникот ќе има корисен волумен од 422 l.
Opel од претходно потврди дека новата генерација ќе се произведува во Риселхајм, каде последен пат беше составувана помеѓу 2009 и 2015 година. Премиерата ќе се одржи во следните неколку недели, додека караванската варијанта ќе пристигне нешто подоцна.