
Одговор на Subaru Outback: Нешто ново од Mazda, но за сега само за Америка и Канада / ФОТО
Новиот кросовер премиерно ќе биде претставен на Салонот за автомобили во Лос Анџелес (19-28 ноември)
Mazda полека ја обновува понудата на SUV модели, па така на крајот од годината продажбата на моделот CX-3 во Европа ќе престане во корист на модерниот CX-30, кој се базира на актуелната Mazda 3.
Поголемиот модел CX-5 засега останува во понудата, а во блиска иднина пристигнуваат и сосема нови модели како CX-60 и CX-80.
Овие нови модели се засноваат на целосно нова платформа за големи теренци и ќе бидат придвижувани од хибридни редни 6-цилиндерски мотори од новата, високо ефикасна генерација на мотори со внатрешно согорување, SkyActiv-X бензинци со SPCCI согорување и дизел мотори.
Од друга страна, САД штотуку ја добиваат новата Mazda CX-50, а премиерата е закажана за саемот за автомобили во Лос Анџелес (19-28 ноември).
Станува збор за првата Mazda произведена во новата фабрика на Mazda Toyota Manufacturing (MTM) во Хантсвил, Алабама, а производството е планирано да започне во јануари 2022 година.
Со новата фабрика заеднички управуваат двата производители на автомобили преку заедничко вложување, а фабриката ќе има годишен капацитет од 300.000 возила (150.000 единици секој производител).
Покрај новата фабрика во Алабама, соработката меѓу Toyota и Mazda вклучува заеднички развој на технологија во областите на електрични погони, поврзување и безбедносни системи.
Mazda CX-50 е поставена на компактната платформа на Mazda 3 и CX-30 и ја надополнува понудата во САД и Канада, позиционирајќи се над CX-5.
За погонот во старт ќе бидат достапни два 2.5-литарски SkyActiv-G бензинси мотори во атмосферска (139 kW / 190 КС и 252 Nm) и турбо варијанта (186 kW / 254 КС и 434 Nm), за потоа да стигнат и електрифицирани варијанти. На располагање е и системот за погон на сите тркала i-Activ AWD и новиот избор за режим на возење Mi-Drive. Повеќе детали ќе бидат познати наскоро.
[useyourdrive dir=”1boJOhpNJ2sh6iWiglD75CjXWHAsgv5p4″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]