Од утре Скопјани ќе возат по новиот булевар Асном
Со бележењето на хоризонтана сообраќајна сигнализација на булевар АСНОМ во општина Аеродром, од утре новиот проширен булевар ќе биде отворен за сообраќај
Град Скопје викендов ја заврши првата фаза од реконструкцијата на овој булевар на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак.
Проширениот булевар добива по три коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.
По завршувањето на оваа фаза, булеварот преку новиот мост, којшто е веќе во изградба, треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во општина Гази Баба, а оттука и Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем.
Извор: Макфакс, Град Скопје