Од тивок почеток до жестока акција: објавен новиот трејлер за „Брзи и бесни 9“ / ВИДЕО
Добро познатиот тим е подготвен за нови авантури
Ова лето конечно доаѓа деветтото продолжение од франшизата „Брзи и бесни“, под име „F9“. Објавен е нов трејлер, а она што е сигурно е дека нè чека многу многу акција.
Сè започнува со тивка скара во дворот на Торето, за потоа хероите на филмот да седнат во возилата и да ги покажуваат своите вештини.
Во реализацијата на „F9“, ќе видиме и многу холивудски sвезди, од Вин Дизел и Шарлиз Терон, сè до Џон Сена. Режисер на филмот е Џастин Лин, а како што се наведува, во американските кина влегува на 25 јуни 2021 година.
Додека не пристигне филмот, погледнете го трејлерот: