Од стар автомобил до функционален мини кампер / ВИДЕО
Преработките на автомобилите не секогаш тјунинг во класична смисла, визуелен и механички, туку и модификации кои драстично ги зголемуваат можностите на автомобилот
Една таква преработка е направена во домашни услови, на сега веќе, многумина веројатно ќе речат, стар и непривлечен автомобил. Овој класичен компакт Nissan Versa од 2007 година има речиси 300,000 километри зад себе, по преработката на сопственикот му служи како кампер, па и многу повеќе од тоа.
Џои Вајт во својата гаража го преработил ентериерот на автомобилот за да може да му послужи како втор дом. Точно, автомобилот сега има само две места за седење, но затоа нуди и функционална кујна, гардеробер и спална соба. Верувале или не, во внатрешноста на овој Nissan можат да преспијат две лица.
Како сето тоа изгледа во пракса може да погледнете во приложеното видео.