На патарината кај Смоквица ќе има 10 наплатни рампи, пет кон Гевгелија и соседна Грција и исто толку кон Скопје.
Новата патарина значи дека возењето по автопат од Скопје до Гевгелија граѓаните засега ќе ги чини 280 денари или дополнителни 100 денари, додека не се изгради и втората патарина на оваа делница, која треба да почне со наплата следната година, а која ќе се плаќа 80 денари. Со оваа давачка, за пат од Табановце до граничниот премин Богородица ќе треба да се издвојат 340 денари за патарина.
Странците, пак, за новата патарина Демир Капија-Гевгелија ќе плаќаат 2 евра.