Сообраќајните експерти не може да поверуваат дека од Uber ја исклучиле автоматската сопирачка која се активира во итен случај и возачот во автомобилот не добил предупредување за опасност

Објавени се нови детали за сообраќајната несреќа во март во која автономен автомобил на Uber удри и усмрти пешак, кој преминувал преку улица на место каде што нема пешачки премин. Зад воланот на овој автомобил седела жена-возач, која, како што открила снимката, не гледала на патот, додека со автомобилот управувал компјутерот, а ново објавените резултати од истрагата покажуваат дека софтверот го детектирал несреќниот пешак шест секунди пред ударот.

Во почетокот компјутерот не препознало дека станува збор за човек, туку првично регистрирало непознат објект, потоа возило и на крајот велосипед. Проблемот е во тоа што од Uber ја деактивирале автоматската сопирачка за итни случаи (кој се применува токму во такви случаи), а уште поголем проблем е што автомобилот не го предупредил возачот на автомобилот за потенцијална опасност.

Од моментот кога софтверот препознал дека станува збор за лице со велосипед до ударот поминале само 1.3 секунди – ако автомобилот започнел да кочи, ударот не би бил толку силен, и жената можеби би ја преживеала несреќата. Исто така, ако жената-возач гледала кон патот пред возилото, веројатно и таа би можела да реагира (иако од снимката се гледа како несреќната жена на велосипед се појавува моментално од темнината) и барем почнела да сопира. Сепак, возилото воопшто не кочело, а поради тешките повреди жената-пешак починала во болница. Аутопсијата покажала дека во телото има траги од метамфетамин и марихуана.

Коментирајќи ги резултатите од истрагата, Брајан Рајмер, научник од AgeLab при MIT, вели дека е шокантно како Uber ја оневозможил активацијата на автоматската сопирачка – причината за оваа опција е тоа што во Uber не сакале автомобилот да сопира секој пат кога на патот ќе се појави на пример пластична кеса, бидејќи тоа би го забавило возењето.

Како уште една голема грешка која ја лоцирале инспекторите, е фактот дека системот не го известил возачот или лицето зад воланот, дека во опасни ситуации е потребно сопирање затоа што, благодарение на сензорите и радарите, компјутерот треба подобро да ја „согледа“ ситуацијата околу возилото и да идентификува опасност.

При тестирање на автономни автомобили, во возилата често се две лица – едно кој го следи патот и е подготвено да го преземе воланот во секое време, а другото ја следи дијагностиката на возењето и пораките кои се појавуваат на преносен компјутер. За жал, во автономните возила на Uber има само едно лице, како во овој случај, а Рафаела Васкез која управувала во дадениот случај изјавила дека во моментот на ударот гледала во дијагностиката од возењето.