Објавени кандидатите за наградата „Европски автомобил на годината 2022“
За разлика од минатата година, оваа година во изборот влегуваат многу повеќе автомобили
Секако, 2020 година беше специфична поради влијанието на корона пандемијата, па во тоа време на пошироката листа имаше само 29 возила. Годинава ситуацијата е поинаква, а пријавени се поголем број кандидати – за престижната награда ќе се борат 39 модели.
Некои модели не се влезени во изборот бидејќи не ги исполнувале нормите. Едно од правилата е дека возилото на четири тркала мора да се нуди во најмалку пет европски земји, па од таа причина моделите на Genesis не се земени во предвид за овогодинешните финалисти.
Ова е пошироката листа на кандидати:
- Aiways U5
- Audi e-tron GT
- Audi Q4 e-tron
- BMW Serija 2 Coupe
- BMW Serija 2 Active Tourer
- BMW i4/Serija 4 Gran Coupe
- BMW iX
- Cupra Born
- Dacia Spring
- DS 4
- DS 9
- Ford Mustang Mach-E
- Honda HR-V
- Hyundai Bayon
- Hyundai Ioniq 5
- Kia EV6
- Lexus NX
- Lynk & Co 01
- Maserati MC20
- McLaren Artura
- Mercedes-Benz C klasa
- Mercedes-Benz Citan/Renault Kangoo
- Mercedes-Benz EQS
- MG EHS
- MG Marvel R
- Nissan Qashqai
- Opel Mokka
- Peugeot 308
- Renault Arkana
- Renault Megane E-Tech
- Škoda Enyaq iV
- Škoda Fabia
- Subaru Outback
- Tesla Model Y
- Toyota Highlander
- Toyota Yaris Cross
- Volkswagen Caddy
- Volkswagen ID.4
- Volkswagen T7 Multivan
На 29 ноември, судиите ќе го објават потесниот список од седум модели кои понатаму ќе се борат за наградата „Европски автомобил на годината 2022“. Победникот ќе биде објавен на крајот на февруари следната година.
Првично беше планирано прогласувањето на победникот да се одржи на авто салонот во Женева, како што налага традицијата, но со оглед на тоа дека организаторите на Салонот во Женева најавија дека настанот нема да се одржи, жирито ќе треба да организира посебен настан по повод доделувањето на наградите.
Како потсетување, за „Европски автомобил на годината 2021“ беше прогласен Toyota Yaris.