Објавена е листата на најдобри и најлоши возачи во светот. Каде се Македонците?
Експертите за осигурување на автомобили Compare the Market објавија листа на земји од каде доаѓаат најдобрите и најлошите возачи. На листата има 50 земји, а свесноста за сообраќајот, опасностите во сообраќајот, квалитетот на патиштата и возењето под дејство на алкохол се дел од критериумите според кои е спроведено истражувањето
Јапонците се најдобрите возачи во светот
Според листата, најдобрите возачи во светот се во Јапонија. Границата на алкохол во крвта е прилично ниска, 0,03 g/dl, а Јапонија е исто така на четвртото место во категоријата најквалитетни патишта, што значи дека е безбедна земја не само за возење, туку и за пешаците.
Интересно е што дури осум од 10-те најбезбедни земји за возење се наоѓаат во Европа. Холанѓаните се најдобри возачи во Европа со високо второ место на листата на најдобри возачи во светот. Исто така, Холандија е на второто место во категоријата најквалитетни патишта, веднаш зад Сингапур, и има едно од најниските нивоа на жртви во сообраќајот во светот – само четири на 100.000 жители.
Која земја има најлоши возачи?
Тајланд е прогласен за земја со најлоши возачи во светот, со убедливо најголем број трагични смртни случаи во сообраќајот, дури 32 на 100.000 луѓе. Следува Перу, а потоа Либан, Индија и Малезија.
Каде е Македонија?
За жал како и во многу други истражувања, Македонија не е опфатена.
Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.