Објавен список на кандидати за престижната европска награда „Автомобил на годината“
Овој пат, жирито ќе избере помеѓу многу повеќе возила отколку што беше случај со изборот оваа година
Избрани се дури 65 модели, по што жирито ќе го скрати списокот. Останатите автомобили што остануваат во играта за титулата ќе бидат претставени на 17-ти ноември. Но, ова не е крај, бидејќи судиите потоа ќе ги објават последните седум кандидати кои се наоѓаат во потесниот избор за признание, а тој список ќе биде објавен во декември.
Победникот ќе биде објавен на следниот саем за автомобили во Женева, во февруари 2022 година. Актуелен „шампион“ е Toyota Yaris.
Список на кандидати:
- Audi Q4 e-tron
- Audi e-tron GT
- Audi A8
- BMW Serija 2 Coupe
- BMW Serija 2 Active Tourer
- BMW Serija 4 Gran Coupe
- BMW i4
- BMW iX
- Citroen C5 X
- Cupra Born
- Dacia Spring
- DS4
- DS9
- Ferrari Purosangue
- Ford Mustang Mach E
- Genesis G70
- Genesis GV70
- Genesis G80
- Genesis GV80
- Honda Civic
- Honda HR-V
- Hyundai Bayon
- Hyundai Ioniq 5
- Jaguar XJ
- Jaguar J-Pace
- Jeep Grand Cherokee
- Kia EV6
- Kia Sportage
- Lexus NX
- Lynk&Co 01
- Maserati Grecale
- Maserati MC20
- Mercedes C-Class
- Mercedes EQA
- Mercedes EQB
- Mercedes EQS
- Mercedes EQE
- Mercedes SL
- Mercedes-AMG One
- Mercedes T-Class
- Nissan Qashqai
- Nissan Ariya
- Nissan X-Trail
- Nissan 400 Z
- Opel Mokka
- Opel Astra
- Peugeot 308
- Range Rover
- Renault Arkana
- Renault Kangoo
- Renault MeganE
- Škoda Fabia
- Škoda Enyaq
- Subaru Levorg
- Subaru Outback
- Subaru BRZ/Toyota GR86
- Tesla Model Y
- Toyota Yaris Cross
- Toyota Highlander
- Toyota bZ
- Volkswagen ID.4
- Volkswagen ID.5
- Volkswagen Caddy
- Volkswagen T7 Multivan
- Volvo XC90
Европските стручни портали веќе започнаа со шпекулации за тоа кој би можел да се најде во потесниот избор. Главни претенденти за тронот се Hyundai Ioniq 5, Kia EV6, Tesla Model Y, Toyota Yaris Cross, Dacia Spring, Škoda Fabia, близнаците на Stellantis – Opel Astra и Peugeot 308…
Сепак, кај овој вид избори е многу неблагодарно да се предвиди победникот. Ако погледнете како жирито споделуваше поени во изминатите години, поточно со децении, сосема е јасно дека гласањето се заснова на „националниот клуч“. Затоа, можни се големи изненадувања на конечната листа на кандидати за оваа престижна награда.