Ново-старо решение: Mazda патентираше нова верзија на двотактен мотор!
Сè уште не е познато каде Mazda би можела да го примени овој мотор и какви би биле неговите перформанси
Двотактните мотори исчезнаа од моторните возила, а причината се високите емисии на издувни гасови, пред се, и тесниот „прозорец“ во кој ја развиваат моќта. Од друга страна, тие развиваат голема моќ во однос на тежината и волуменот и се многу поедноставни од 4-тактните мотори. Интересната вест е дека Mazda неодамна патентирала двотактен мотор со компресор.
Дизајнот е базиран на технологијата Skyactiv X на Mazda и ветува подобрена горивна економичност. Постоечкиот четиритактен мотор на компанијата користи напреден режим на палење со компресија за да го стартува моторот со помалку гориво и воздух за подобрена ефикасност, додека го задржува традиционалното палење со искра за работа при големо оптоварување и голема моќност каде што палењето со компресија станува нестабилно. Овој двотактен дизајн ја спроведува истата идеја за палење.
Двотактниот мотор има компресор кој се стартува со помош на коленестото вратило кој помага при чистење – процес во кој изгорената смеса се исфрла и свежа мешавина од воздух и гориво влегува во моторот. Бидејќи дизајнот на двотактен мотор има издувни и доводни вентили отворени барем делумно во исто време, компресорот што турка свеж воздух во моторот многу помага во овој процес. Променливото време на вентилот се користи и за да се контролира односот на компресија.
Сè уште не е познато каде Mazda би можела да го примени овој мотор и какви би биле неговите перформанси.