И покрај фактот дека Lancia како автомобилски бренд со голема историја е сведен на само еден автомобил понуден исклучиво во Италија, оваа марка покажа дека има сила да преживее, иако многумина предвидуваа заминување во историјата уште пред пет години

Дали конечно, доаѓаат подобри денови за Lancia? Марката под раководството на новоформиранта Stellantis треба да доживее вистинско заживување и да формира група на премиум брендови заедно со Alfa и DS. Барем така се најавите.

Додека не пристигнат новите модели, Lancia треба да го искористи она што го има на располагање, а тоа е моделот Ypsilon, кој верувале или не, кој е на пазарот уште од 2011 година, а штотуку доживеа нов лифтинг. Но, промените сепак се поголеми отколку што се очекуваше.

Ypsilon скоро и да има ново лице. Напред е инсталирана нова решетка, различни се LED фаровите, како и модифицирани доводи за воздух, што се заедно придонесува за впечаток на значително различно лице во споредба со претходното издание. Она што исто така е забележливо се повеќето „хромирани“ детали на надворешноста.

Најголемата промена во салонот е новиот 7-инчен екран на допир, додека инфо-забавниот систем сега е компатибилен со Android Auto и Apple CarPlay. Многу важна ставка во светот на модерните автомобили.

Кога станува збор за моторната гама, таа во суштина се состои од три склопови. Така, има 1.2-литарски агрегат кој може да користи TNG и бензин, како и 0.9-литарски погонски агрегат кој може да користи и метан покрај бензинот. Првиот споменат мотор има 69 КС и 102 Nm, додека вториот може да смета на 85 КС и 145 Nm кога се користи бензин, или 70 КС и 135 Nm кога се користи метан.

Покрај наведените единици, во понудата има и 1.0-литарски 3-цилиндерски бензинец со 70 КС и 92 Nm. Оваа единица користи и помош од „благиот“ хибриден систем, а Ypsilon опремеен на овој начин носи суфикс хибрид, иако не е класичен тип на хибрид, туку MHEV. Lancia Hybrid е во состојба до 100 km/h да забрза за 14,2 секунди, додека максималната брзина е 163 km/h.

[useyourdrive dir=”1e_ZgKFC89X8yzMi0-iQk-fsyQUSm2-h8″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Обновениот Ypsilon наскоро ќе биде достапен во италијанските салони.