Ново нормално? Amazon контролира и доколку е потребно ги отпушта своите возачи користејќи алгоритам!
GPS податоците на вашиот автомобил може сами да ви испратат парична казна за брзо возење
Amazon е компанија изградена на автоматизација – во огромни дистрибутивни центри, роботите превезуваат стока од едно до друго место, откако ќе ја нарачате преку Интернет, без да кажете никому збор.
Алгоритмите не се нова работа во оваа мултинационална компанија – тие се користат за класифицирање на милиони независни продавачи кои го користат пазарот на Amazon. Имено, овие „ботови“ одлучуваат дали продавачот треба да се отстрани од платформата ако продава фалсификувана стока, ги „надувува“ цените или прави нешто друго спротивно на политиките на компанијата.
Од пред неколку месеци, Amazon воведe камери за следење на своите редовни возачи во комбиња, кои ќе ги известуваат контролорите за недостаток на внимание или употреба на мобилен уред. Недостигот на сочувство и свесност на алгоритмот за компликациите при достава во реален свет ќе значи и губење на работата.
Bloomberg разговарал со неколку поранешни возачи на Amazon, кои наведуваат како ги рангирал софтверот, при што испораката во окото на ботот е „фантастична“, „одлична“, „добра“ или „ризична“. Поранешните возачи велат дека е многу лесно да се добие најлошата оценка: „доволно е да ви се дупне гума, поштенското сандаче за достава да е скршено или да не можете да пристапите до станбениот блок затоа што вратата е заклучена, по што следи автоматска е-пошта дека вашите услуги повеќе не се потребни“.
Може да се жалите, но одговорот на Amazon, исто така, многу веројатно ќе биде автоматизиран, и покрај човечкото име наведено на дното на одговорот. Додека Amazon често се прикажува како тотем на „капиталистичко зло“, реалноста е дека нивната пионерска технологија многу брзо ќе стане вообичаена во други компании, ако веќе не е. Велика Британија прв пат користела камера за брзина на патиштата во 1992 година, а сега Земјата е полна со нив.
Како и да е, уште построга форма на автоматизација може да не чека во иднина. GPS податоците на вашиот автомобил можат сами да ви испратат казна за брзо возење, по што на телефонот може да добиете известување дека се земени пари од вашата банкарска сметка и се додадени казнени поени на вашата возачка дозвола.
И казните за паркирање можат да работат вака. На пример, вие застанувате на една минута каде што тоа не е дозволено, а компјутерот нема да знае дека всушност и помагате на една постара дама да помине преку улица. Но, повторно, ако вакво нешто не чека во иднина, тоа веројатно нема да трае долго. Оној момент кога автономното возење ќе стане вообичаено, нема ниту да можете да направите нешто лошо.