Porsche ја прошири понудата за моделот Cayenne, додавајќи верзија E-Hybrid

Погонскиот систен на оваа верзија на Cayenne се состои од V6 мотор со волумен од три литри (250 kW), кој работи заедно со електричен мотор од 100 kW. Вкупната моќност на системот е 340 kW со 700 Nm вртежен момент, достапен веднаш над вртежите во лер позиција.

Контролниот модул на хибридниот систем е ревидиран за актуелната моделна година, а производителот тврди дека реагира побрзо од било кога. Уште поважно, истиот е во целосна хармонија со 8-степената автоматска трансмисија која е единствена за целата моделна гама на Cayenne.

Максималниот вртежен момент на многу низок број на вртежи, на кросоверот му овозможува спринт до стотка за пет секунди, пред да постиогне максимална брзина од 253 km/h. Според Porsche, автономијата во чисто електричен режим е 44 километри со максимална брзина од 135 km/h во овој режим. Овие податоци треба да се примат со резерва, имајќи предвид дека германскиот производител се повикува на застарени NEDC стандарди.

Новината има поголем батериски пакет – 14,1 kWh. Се наоѓа под подот на трупот и има течно ладење. Времето за полнење на батеријата според фабричките податоци е 7,8 часа на стандардната мрежа (10A, 230V). Клиенти кои ќе доплатат за полнач од 7,2 kW (230V, 32A), времето на полнење може да го скратат на 2,3 часа.

Моќта на патот се пренесува преку погонот на сите тркала, кој е во состојба да ја пренасочува движечката сила од една до друга оска преку електронски контролиран систем. Адаптивната суспензија е стандард во целата гама, а системот за динамичка контрола на шасијата – PDCC (Porsche Dynamic Chassis Control) е дел од дополнителната опрема. Куката за влечење е исто така на листата на опции, а Cayenne може да повлече приколка која е тешка до 3,5 тони.

За прв пат што се однесува до овој бренд, исчитувањето на важни информации на шофершајбната е достапно токму за овој новитет на Porsche. Од дополнителната опрема, вреди да се издвојат големите тркала од 22 инчи како и InnoDrive пакетот, кој вклучува адаптивна контрола на крстарење, седишта со масажа, како и греење на ветробранското стакло.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1A2y4GPlXVqhxzBLJx4Z_xL6QcZwwDWmz” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]