ABT Sportsline е еден од најактивните тјунери, а сега преставува нова линија на бандажи која привлекува внимание со изгледот, но и со цената

Овие тркала најмногу ги „сака“ Audi RS6, особено оној на Џон Олсон, иако лесно може да се замислат и на други супер-седани. Станува збор за 21 инчни бандажи во Racing Racing финиш, а ABT ќе ги понуди во ограничена серија геометриски усогласена со моделите RS4 и RS5.

Во Германија, ќе бидат понудени по цена од 11.960 евра за сет, износ за кој веќе може да се купи нова Fiesta или Polо. Бандажите се базираат на серијата GR, а нивната посебност се должи на т.н. Aero прстени од карбон, изведени како во Formula E.