Новите автомобили во САД од 2026 ќе треба да бидат опремени со сензори за откривање алкохол. Еве како тоа функционира / ВИДЕО
Соединетите Американски Држави работат на закон кој ќе бара новите возила да вклучуваат контроверзна безбедносна карактеристика – сензори за здив или допир кои можат да откријат дали возачот е под дејство на алкохол.
Сега работите се актуелизираат и новата технологија, со намера да ги направи патиштата побезбедни, би требало да го направи возилото неуправувано доколку се детектираат нивоа на алкохол во крвта над 0,08 проценти. Развојот е веќе во тек.
Според Националната администрација за безбедност во сообраќајот на патиштата на САД, повеќе од 10.000 луѓе загинале во несреќи во кои учествувал возач под дејство на алкохол во 2019 година.
Ова претставува речиси 30 проценти од сите смртни случаи во сообраќајот. Групата производители на автомобили своето партнерство го нарекува со програма „Driver Alcohol Detection System for Safety“ и работи на голем број можни решенија, вклучувајќи сензори за здив и допир кои користат инфрацрвена светлина.
Тоа секако би го намалило бројот на инциденти со возење во пијана состојба, несреќи и апсења низ САД. Оваа година, технолошката компанија за безбедност на камионите Schneider планира да спроведе тест на актуелниот DADSS систем за откривање алкохол.
„Новата технологија пасивно би го следела однесувањето на возачот на моторно возило за да се утврди точно дали тој возач може да го управува возилото. Сензорите на допир сигурно би биле помалку наметливи за многумина во споредба со тестот за алкохол“.
Технологијата може да биде потребна во секој нов автомобил почнувајќи од 2026 година и е само една од многуте нови технологии што NHTSA ги разгледува за идните мандати. Другото е интелигентна помош за брзина што звучи многу понаметливо.