Според истражувањето спроведено од страна на JD Power, 20% од сопствениците на нови автомобили никогаш не користеле 16 од 33 гаџети во автомобилот

Петте работи кои „никогаш не се користат“ во новите автомобили се: поддршка на клиенти (43%), мобилни рутери (38%), систем за автоматско паркирање (35%), главен дисплеј (33%) и вградените апликации (32%)). Резултатите од истражувањето не се изненадувачки, освен за HUD. Зошто не се користи HUD?

Што се однесува до системот за автоматско паркирање, концептот е теоретски многу интересен, но во пракса работите се малку поинакви. Првенствено, поентата е дека условите треба да бидат идеални – а тогаш процесот трае. Додека сензорите ја снимат околината, па компјутерот да ја направи својата „магија“, па извршат пресметките и автомобилот се најде помеѓу две линии, вие веќе би можеле да пиете кафе во вашето омилено кафуле. Од друга страна, во денешно време кога бројот на возила во голема мера го има надминато бројот на места за паркирање, станавме експерти за неконвенционално паркирање што дури ни компјутер на NASA не може да го пресмета. 

Кристин Колоџ од JD Power ја објаснува резервираноста на возачите кон апликациите: 

„Во многу случаи, корисниците претпочитаат да ги користат своите паметни телефони или таблети за нивните потреби: тие ги познаваат овие уреди и тие се прецизни. Развојот на технологијата во автомобилите чинеше милиони долари, а од нив немаат корист ниту корисниците, ниту производителите. Од друга страна, многу сопственици изјавиле дека продавачите никогаш не им ја објасниле целата технологија, па затоа едноставно не ја користеле. Разговарав со неколку возачи кои се пофалија дека имаат на пр. Webasto. На прашањето колку се задоволни од тоа, тие редовно одговараат: „Не знам, има тука многу типки“.

Корисниците сепак сакаат технологија што го подобрува искуството и безбедноста при возење (но зошто не се користи HUD?), како што се дијагностика, сензори за слепите точки и темпомат, се вели во извештајот на JD Power.

„Првите 30 дена се клучни. Првите искуства со технологијата се земи или остави чекор. Ако производителите на автомобили „не погодат од прва“, корисниците едноставно ќе ги користат своите мобилни уреди наместо технологијата вградена во автомобилот“, објаснува Колџ.

Сепак, постои и една работа за која малку размислуваме: колку чини да се поправат автомобилите „преоптеретени“ со гаџети?

Чип Леки, директор на JD Power, вели дека „поправањето на мала гребнатинка на браник обично чини неколку стотици долари и може да се искачи на неколку илјади кога ќе се оштетат камерата или сензорите за помош при паркирање“.

Се разбира, тоа не значи дека не треба да изберете безбедносни опции при купување нов автомобил.