Следната генерација на Mini Countryman пристигнува до крајот на годината

Британскиот магазин Auto Express пишува дека третата генерација на овој кросовер ќе биде долга речиси 450 cm, слично како Audi Q3, Volvo XC40 или Mercedes GLA. Ако тоа е точно, скокот во големина ќе биде значителен со оглед на тоа што моделот во заминување е долг 431 cm.

Сепак, тоа не е премногу изненадувачки бидејќи и механички поврзаниот BMW X1 исто така ќе биде поголем (околу 460 cm). Фабриката во Лајпциг ќе биде првата фабрика во Германија која ќе произведува BMW и MINI под ист покрив. Двата модели се очекува официјално да се појават пред крајот на 2022 година.

Слично како и BMW со идниот iX1, и новиот Countryman ќе добие целосно електрична варијанта. Auto Express верува дека зголемувањето на големината е неопходно за да се направи простор во гамата за помал електричен кросовер кој треба да се појави во наредните години. Дополнително, ќе се појави модел по на базата на концептот Urbanaut.

Сите верзии на новиот Countryman ќе бидат електрифицирани до одреден степен, бидејќи дури и основниот модел ќе има mild hybrid 48V поставка.  Ќе има и спортска верзија Cooper S, со 2.0-литарски турбо бензински мотор.