Новиот Honda Civic Type R премиерно на 20 јули / ВИДЕО
Во јануари оваа година, Honda на Tokyo Auto Show изложи камуфлиран прототип од новата генерација на спортскиот Civic Type R, додека серискиот модел конечно ќе биде претставен кон крајот на овој месец
Од Honda велат дека новиот Civic ја подигнува границата во однос на стилот, перформансите, безбедноста и напредните технологии на пазарот на компактните возила.
Што се однесува до изгледот, Honda одлучила да ја ублажи актуелната дизајнерска насока, додека во внатрешноста има дигитални инструменти, екран на допир, поквалитетни материјали, седишта со нов дизајн…
Претходните информации велеа дека новиот Civic Type R ќе биде малку поголем од сегашниот, а се споменува и повисоко ниво на безбедност (Honda Sensing).
Под хаубата на Civic Type R треба да се најде 2.0-литарски турбо 4-цилиндерски бензински мотор со моќност до 340 КС.
Пакетот за Civic Type R ќе вклучува и 6-брзински мануелен менувач, погон на предните тркала, аеро боди кит, голем заден спојлер, нова хауба, црни тркала, спортски подесена суспензија, спортски издувен систем со три издувни цевки, Brembo сопирачки, црвени клешти, како и префинет ентериер со спортски седишта и волан, како и црвени безбедносни појаси и алуминиумски педали.
Што се однесува до цената, британските медиуми очекуваат дека новиот Civic Type R ќе чини околу 35.000 фунти.