Новиот GMC Hummer EV емитува огромна количина на CO2?!
Според студијата на ACEEE, непрофитна истражувачка организација чиј примарен интерес е енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, новиот голем електричен пикап и SUV GMC Hummer EV не е толку еколошки како што изгледа
Термоелектраните на гас и јаглен играат голема улога во американскиот енергетски микс, што не помага за еколошкото производство на електрична енергија. Истражувањето на ACEEE покажува дека малиот електричен Bolt на Chevrolet испушта 92 грама CO2 на една милја, додека новиот Hummer EV е одговорен за 341 грами CO2 на една милја.
Големиот Hummer има 1.000 КС, што резултира со голема потрошувачка на енергија. Позитивно е тоа што барем новиот електричен Hummer е далеку поефикасен од оригиналниот дизел H1 Hummer со емисија од 889 грама CO2 на една милја. Новиот Hummer испушта 21 грам CO2 на една милја повеќе од бензинскиот седан Chevrolet Malibu.
Очигледно мораме да го прифатиме фактот дека новиот Hummer првенствено е посветен на постигнување спектакуларни перформанси, а со забрзувањето од 0 до 100 km/h за три секунди доаѓа и (енергетската) цена…