
Нови проблеми за автомобилската индустрија: Во најава недостиг на уште една суровина
Затворањето на топилниците во Кина и Европа веќе влијае на производството на челик кој се користи за производството на автомобили
Проблемите на автомобилската индустрија со недостигот на чипови се уште траат и прашање е уште колку долго ќе биде така. Но, се јавува уште едно ново тесно грло во снабдувањето со суровини.
MetalMiner Automotive (месечен индекс на метали во автомобилската индустрија – MMI) во октомври има значителен пад за 9,08%. Ограничувањето на производството поради недостигот на енергија и затворањето на топилниците продолжуваат да бидат постојан тренд во производството на автомобили. Сепак, побарувачката за автомобили во САД и Европа е висока. Затоа многумина во автомобилската индустрија се обидуваат да најдат рамнотежа помеѓу достапните залихи и побарувачката на потрошувачите.
Затворањето на топилниците во Кина и Европа веќе влијае на производството на челик кој се користи за производството на автомобили. Како и кога тоа ќе се промени засега не е јасно.