Германскиот медиум Bild am Sonntag изнесува, а цитира Automotive News, тврдење дека со манипулација на софтверот што го контролира работењето на трансмисијата, Volkswagen „си поиграл“ со нивоата на издувни гасови кои произлегуваат од работата на бензинските агрегати за модели од VW, Audi и Porsche

Bild am Sonntag оваа вест ја базира врз основа на внатрешната документација на Volkswagen што ја поседува, како и изјавата на сведок.

Министерот за транспорт, во германската влада, вели дека наведениот медиум, Bild am Sonntag, на публиката не и презентирал нови докази или информации кои ќе се разликуваат од она што на владата и е познато подолго време, како и тоа дека весникот се повикува на околностите кои Министерството веќе ги испитало.

Во соопштението на министерството за транспорт се наведува дека контролните власти на министерството не наишле на индикатори за можна измама во овој поглед.

Во спонзорирана вест објавена од страна на Reuters, по повод ова се истакнува дека вработените во Volkswagen нема да ги коментираат тврдењата се додека истрагата продолжува, додавајќи дека контактите на производителот и контролните органи работат многу интензивно и конструктивно.

Органите на Јавното обвинителство во Минхен и Брауншвајг, под чие покровителство е водењето на истрагите со потенцијални правни последици, немаат дадено коментар.