Нови гласини за големиот и таен проект на Amazon
Голем број на инженери во Amazon во моментов работат на куќен робот засега под кодно име Vesta кој на пазарот би можел да се појави веќе следната година
Amazon го подготвува својот најамбициозен (хардверски) проект досега – по Kindle, уредот кој ги популаризираше читачите на е-книги и дигитални книги, таблетот Fire, звучникот Echo со интегриран гласовен асистент Alexa – компанијата на Безос сега се развива куќен робот. Во моментов нема многу информации за овој „амбициозен и таен проект“ под кодно име Vesta, но се знае дека компанијата веќе некое време вработува експерти по роботика.
На новинарските прашања од компанијата даваат класичен одговор „Не коментираме гласини“. Се чини повеќе детали за Vesta можеби ќе имаме можност да дознаеме кон крајот на годината, кога вработените треба да започнат со тестирање на овој робот во своите домови, а ако тестирањата се покажат успешни, веќе на почетокот на следната година овој робот ќе биде достапен на пазарот.
За неговиот развој е одговорен Грег Зехр, првиот човек во Amazon на одделот за истражување и развој на хардвер LAB 126, кој веќе е потпишан на многу успешни проекти. Роботот ќе биде опремен со напредни камери и софтвер за компјутерска визија за да може да се движи низ просториите „како автономен автомобил“, велат од Bloomberg.
Освен тоа што е премногу рано да се зборува за цената, не е познато всушност ни што ќе работи овој робот – гласините велат би можел да служи како мобилна Alexa и да ги следи корисниците низ просториите каде што не се поставени звучници Еchо.