По првите фотографии, Toyota објави и технички детали за Corolla Touring Sports

Јапонскиот производител истакнува дека, за разлика од сегашниот Aurisa Touring Sports, кој е развиен како караван од сегашниот хеџбек, новиот Corolla караван е практично изграден како посебен модел.

Автомобилот е базиран на TNGA механичка платформа и од самиот почеток на развојот е земено во предвид дека треба да ја оправда својата улога на пазарот како караван возило. Како резултат на тоа, Corolla Touring Sports има значително поголем багажен простор (598 литри) во споредба со Auris кој заминува во историјата, барем за Европа.

На овој начин, јапонскиот модел им се доближува на најголемите конкуренти во сегментот, како што се Volkswagen Golf Variant (605 литри) и Škoda Octavia Combi (610 литри).

Она што го прави Corolla караванот да се разликува од другите е меѓуоскиното растојание кое изнесува дури 2.700 милиметри. Затоа автомобилот ја надминува дури и Octavia Combi.

Благодарение на огромното растојание помеѓу предните и задните оски, патниците на задните седишта ќе имаат поголема удобност и простор за нозете, што ќе ви овозможи полесно патување во ова возило.

Како што веќе е познато, Toyota нема да понуди дизел верзија за новиот Corolla караван. На располагање ќе бидат 1.2-литарски турбо бензин со 116 КС (86 kW) и две хибридни верзии – послабата со 1.8-литарски бензински агрегат и 122 КС (91 kW), а помоќната со 2.0 литарска едиица и 180 КС (134 kW).

За оние кои сакаат нивното возило да изгледа поразлично од другите примероци на истиот модел, Toyota во рамките на опциите за персонализација нуди и опција со црн кров.

Новата Corolla Touring Sports својата светска премиера пред публика ќе ја има на Парискиот саем во почетокот на октомври.