Новата „играчка“ на Кен Блок – новиот F-150 / ВИДЕО
Американската возачка ѕвезда го претстави својот најнов тјунинг проект
Американската ѕвезда го претстави својот најнов тјунинг проект
Заборавете на рели сегментите и WRC машините, време е за off-road по рецепт на Кен Блок. Американската ѕвезда демонстрира дека е подготвен да освои нови територии, повторно со автомобил на Ford, во случајот со „набилдан“ F-150 Raptor.
Овој камионет за офроуд бил подготвен уште во почетокот на годината, но Блок и неговиот тим дури сега објавија подетално видео за промените на возилото и објаснување во детали на идеите.
Треба да се напомене дека Блок совршено користи подготвени тјунинг пакети – како решенијата на SVC Offroad, наменети за F-150 Raptor и додава свои идеи, реализирани со неговите колеги од SVC. Ова решение е повеќе од логично со оглед на одличната завршена работа со SVC на претходниот пилот пикап – Raptor TRAX.
Речиси секој важна компонента на бордот на пикапот и променета, вклучувајќи го и моторот – V6 моторот работи со две турбини и со нови поставки, нов интеркулер и уште неколку доработки, вклучувајќи го новиот издувен систем од нерѓосувачки челик. Но, зголемувањето на моќта е строго контролирано – од 450 до 550 коњски сили.
Погледнете го видеото снимено во пустината Моаб.