Suzuki, Subaru, Daihatsu, Toyota и Mazda подготвуваат нешто ново

Suzuki Motor Corporation (Suzuki), Subaru Corporation (Subaru), Daihatsu Motor Co. Ltd. (Daihatsu), Toyota Motor Corporation (Toyota) и Mazda Motor Corporation (Mazda) постигнале договор за заеднички развој на технички спецификации за комуникациски уреди за возила од следната генерација и промоција на заедничка употреба на комуникациски системи преку употреба на поврзани услуги за поврзување на автомобилите и компаниите, а со цел создавање нови вредности и услуги, кои ќе бидат стандардизирани со цел да се обезбедат побезбедни и попрактични поврзани услуги.

Во областа CASE (поврзано, автономно / автоматизирано, споделено и електрично), за која се смета дека носи големи трансформации во автомобилската индустрија, има брз напредок на полето на поврзаност во однос на комуникацискиот аспект на технологија и бизнисот, вклучувајќи ги Cloud услугите, IoT, Big Data и Ai. Некои производители на автомобили самостојно развиваат комуникациски уреди за своите возила, но дури и во случаи кога тие ги обезбедуваат истите поврзани услуги, како што се функциите за далечинско управување, секоја компанија усвојува различен пристап кон развојот и употребата на релевантни ресурси.

Како одговор на овие околности, компаниите можат во краток рок да им обезбедат на клиентите побезбедни и попрактични поврзани услуги – кои се основните функции на поврзан автомобил – соработувајќи на поле на развој на комуникациски уреди во возилото, позиционирајќи развој на апликации и услуги како интерен домен и на тој начин  постигнувајќи поголема ефикасност и забрзан развој на комуникациски уреди за возилата. Преку овие чекори, секоја компанија може повеќе да се фокусира на развој на апликации и услуги на оваа заедничка инфраструктура.

За почеток, Suzuki, Subaru, Daihatsu и Mazda, вградувајќи свои технологии во основната технологија за комуникација на возилата развиена од Toyota, заеднички ќе градат системи за следната генерација на поврзани автомобили со заеднички спецификации за поврзување на возилaта со мрежата и центарот за комуникација со уредите во возилата. Како резултат, преку понатамошно стабилизирање на квалитетот на комуникација помеѓу возилата и центарот за комуникација со уредите во возилата, на клиентите ќе биде можно да им се обезбедат попрактични поврзани услуги, како што се појасни повици помеѓу клиентите и оператори и поголема брзина на поврзување. Во исто време, обемот на работа за развој ќе се намали за секоја вклучена компанија, а работата на системот и надградбите на верзијата што вклучуваат нови дополнителни функции ќе бидат поедноставени. Ова исто така ќе ги оптимизира ресурсите како што се објектите и персоналот.