Нова рестилизација за хечот и кабриолетот на Mini / MEГА ГАЛЕРИЈА
Сегашното семејство на Mini модели во форма на хеч и кабриолети, од серијата F55 / F56 / F57, дебитираа уште во 2013 година, за да пет години подоцна поминат низ процес на рестилизација. Тогаш се случи и редизајнот на графиката на задните светла во облик на британското знаме
Денес по осум години на пазарот, нормално е да се очекува нова генерација. Тоа нема да се случи, но затоа новиот бран на модернизација, донесува многу свежина во понудата на брендот, како во однос на бројот, така и во длабочината на направените подобрувања.
Традиционалните модели на Mini добиле нов лик со големиот капак во средината на стилизираниот отвор за воздух. Новите браници имаат порамен дизајн и повеќе не се „надополнети“ со светла за магла, кои стануваат само една од посебните функции на главните групи на фарови, кои сега се во LED изведба уште од основниот пакет опрема.
Задните сигнални групи ги инкорпорираат споменатите диоди во ист стил како и порано, но промената е во тоа што тие се дел од стандардниот пакет опрема (претходно тоа беше дополнителна опција). Задното централно светло останало на исто место, но сега е успешно камуфлирано со транспарентен дифузер.
Останатите измени вклучуваат нови решетки на предниот браник, новоразвиена колекција на бандажи од 17 или 18 инчи, како и збогатена палета на достапни нијанси за боја за каросеријата. Сепак, компанијата е најгорда на двобојниот покрив и наведува дека таквата опција е достапна за прв пат во историјата на автомобилската индустрија.
Во тој дух може да се нарачаат неколку комбинации на бои, а на купувачот останува да изрази стил и мерка, иако дури и производителот нема да му дозволи невкус, тоа е сигурно.
Новини има и во внатрешноста. Отворите за вентилација се поинакви, поинаков е воланот, па дури и рачката на менувачот. Клиентите имаат поширок избор на комбинации на достапни бои, материјали и завршна работа.
Опционалниот 5-инчен екран е понуден наместо групата инструменти уште од порано, а сега и графичките на истиот се подобрени. Редизајниран е и инфо-забавниот систем, без оглед на тоа што димензиите на мониторот останале идентични, односно 8,8 инчи. Новите опции носат греење на воланот, како и електромеханичка рачна сопирачка.
Гамата на модели вклучува само бензински и електрични модели, а кога станува збор за погонските единици измени нема, односно во понуда се бензински единици со три и четири цилиндри со Mini TwinPower Turbo технологија и Euro 6d емисионен стандард. Три цилиндерските единици, секоја со волумен од 1.5 литри се достапни во следниве изданија на моќност: 75 КС-102 КС и 136 КС, додека 4-цилиндерскиот е со волумен од 2-литри и достапен со моќност од 178 КС и 231 КС.
Трансмисијата може да биде 6-степена мануелна, 7-степена автоматска со двојна спојка (за четири верзии), како и осумстепен автоматик за најмоќната варијанта. Електричниот Mini Cooper SE ќе продолжи да нуди 184 коњски сили и батерија од 32,6 kW/h.
За Mini возилата конфигурирани во форма на хеч или кабриолет, се планира да се понуди и систем за прилагодлива суспензија. Претходно, оваа опција беше наменета само на купувачите на hot-hatch моделот Mini John Cooper Works.
Продажбата на ажурираниот Mini во Европа започнува во март.
[useyourdrive dir=”1C-9_pljKzu5VsW8I8tOXlinnQ-zs3N2a” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ search=”0″]